
Обожавателките на глобално популарната поп-ѕвезда Џастин Бибер можат полесно да дишат. Наводната мајка на неговото дете, Мараја Јетер, го повлекла барањето за утврдување на татковство на детето, пишува TMZ. Се наведува и дека адвокатите на Мараја Јетер, Ленс Роџерс и Мет Паре, се повлекле од случајот.
Џастин Бибер неодамна се согласи да направи ДНК тест за татковство, веднаш штом ќе се врател во САД. Неговиот адвокат Хауард Вајцман најавил контратужба против Јетер и нејзините адвокати за лажно сведочење. Тие се надеваат дека контратужбата ќе испрати порака и до другите обожавателки кои имаат слични идеи.