Најверојатно снимањето на драмата “Now” беше пресудно за за блискоста помеѓу Џастин и Оливија. Тие освен за време на снимањето, заедно ги поминуваат и викендите. Минатиот викенд се видени во еден клуб во Лос Анџелес, каде биле до три часот по полноќ, а потоа се упатиле во апартманот на Џастин, изјавил близок извор на парот.
По само еден месец од прекинот на врската со Џесика Бејл, Џастин најверојатно ја пронајде новата љубов. Оливија пак неодамна се разведе од италијанскиот принц Тао Руспулиј со кого беше во брак осум години.