Оскаровецот Џеф Бриџис работи на својот нов албум кој ќе биде негово првенче за некоја голема дискографска куќа.Албумот кој Бриџис ќе го снима за ЕМИ, ќе го вклучува оригиналниот материјал создаден во соработка со продуцентот, композиторот и музичарот T-Bone Burnett, со кого работеше на филмот “Crazy Heart”. Џеф за главната улога на пропаднат алкохоличар и кантри преа во “Crazy Heart”, доби Оскар, а Burnett за најдобра оригинална песна. Датумот кога ќе се издаде албумот се уште не е е познат.