Пејачката изгледала многу среќна за време на снимањето на новото реално шоу, заедно група на аргентински играорци и пејачи надвор од градот Кармен де Ареко во Аргентина.
Џенифер (42) била облечена во комотни пантолани и краток џемпер до половината. Во еден момент ги кренала рацете и го покажала својот совршено обликуван стомак. Пејачката престојува во Аргентина по повод снимањето на нејзиното реално шоу, кое според Џеј Ло, е нешто невидено досега. Името на новото шоу е Q’Viva!
Џенифер подоцна се појавила во краток фустан на кој се гледала нејзината совршена фигура. Комбинацијата ја вклопила со високи потпетици со иста боја.
Во шоуто Q’Viva! ќе се појави и Марк Ентони, и покрај фактот што нивниот развод не поминал баш пријателски. Според некои извори, тие едвај зборуваат, а комуницираат исклучиво кога се во прашање децата.
Оваа двојка ќе посети 21 земја во Јужна Америка за да најде нови латино-таленти, а тој што ќе победи на натпреварот ќе добие парична награда. Џенифер и Марк се особено познати во Јужна Америка, и ова шоу веќе е распродадено во многу земји.