Луксузниот Anantara Veli Ресорт и Спа, Малдиви… лелееее :)

5 ноември, 20110
09

Anantara Veli Резорт & Spa, Малдиви, е сензуален остров кој живее на мирна лагуна која ќе ве одвлече во природно расположение на романтика во еден од 50 водени бунгалови. Овој прекрасен резорт е на само 35-минути возење со глисер од Интернационалниот Аеродром „Male“, а сепак белите песоци, бескрајното сино небо и бујното зеленило изгледаат како да сте цел свет далеку.

Шетање рака во рака на идиличните песоци. Освежување во кристално чистите води кои се простираат овде под вашиот приватен луксузен бунгалов. Замислете ја океанската светлина како се крева од утринскиот сјај до залезот, уживајќи во времето кое луксузно добро го поминувате.

За она екстра уживање наградете се себеси посетувајќи го Veli Garden spa, лежејќи покрај базенот до океанот, или крстарејќи на „dhoni“ на зајдисонце покрај делфините. Потоа освежете се за вечера каде интернационалната кујна се сервира на вашата маса – каде главно јадење е најдобрата Таи-кујна, послужена покрај водата каде океанот и лагуната се спојуваат.

36 луксузни бунгалови над вода во модерна декорација на вашиот простран 63 квадратни метри бунгалов на беспрекорната ширина на тропскиот рај со дрвен под и сламен покрив од кокосово дрво и кревети со кралски димензии покриени со лен од египетски памук.

Други 14 делукс бунгалови на вода со големина од 92 метри квадратни секој за релаксација под шарнатен сламен покрив од кокосово дрво, вашето делукс сместување е светилиште кое гледа на широки морски пејсажи, со пространа отворена бања и када покрај на сончевата палуба. Не постои поидилично место на рајот во време поминато во уживање со вашиот сакан, вклучувајќи ги и удобностите на вашиот луксузен бунгалов над вода.

Помеѓу искушенијата на понудата на Anantara Veli и оние на Anantara Dhigu, низа од убави дестинации за храна се ваши да ги вкусите. 73 Degrees, Dhoni, Baan Huraa или Geckos се дел од рестораните кои ќе го заголицкаат вашиот вкус.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi