Американскиот рапер Џеј Зи е на врвот на листата на Форбс за најбогатите луѓе на хип-хоп сцената. Џеј Зи ова го постигна откако минатата година заработил 37 милиони долари, главно од неговата турнеја “Blueprint 3″ и други бизнис проекти кој тој ги води. Раперот е на првото место на Форбс листата веќе четри пати за пет години.
Второто место го зазема Пи Диди со заработени 35 милиони долари, а на третото Кание Вест со 16 милиони долари. Лил Вејн и Бердмен се на четврто место со по 15 милиони долари, додека на петтото е Др. Дре, Снуп Дог и Еминем со по 14 милиони долари. Заработката на првите 20 рапери на листата е вкупно 271 милиони долари.