Иако е една од најубавите и најатрактивните жени на светот, сепак тоа не и е гаранција дека партнерот ќе и биде верен. На Бијонсе и е најдена замена!
40 годишниот рапер Џеј Зи, е виден во еден ноќен клуб во прегартки на преубава жена, станува збор за моделот Селит Ебанкс. Очевидците тврдат дека тие цела вечер зборувале и се прегрнувале, што не изгледало дека е само пријателски.
Ова не е прв пат Џеј Зи да е во женско друштво сам без својата Бијонсе. На 8-ми јули оваа година тој бил виден во друштво на убави девојки, со кои играл цела ноќ, флертувал, а на една од нив и дозволил да му седне во скут.
Додека Бијонсе е на европска турнеја, Џеј Зи не е осамен дефинитивно!