Џејмс Камерон ќе ги истражува морските длабочини

25 јуни, 20110
dzejmskameron

Холивудскиот режисер Џејмс Камерон изјавил дека му се остварил сонот од детството кога дознал дека е поставен за истражувач во тимот на National Geographic. “Да се биде поставен за истражувач на National Geographic е исто како да добиете Оскар“, изјавил Камерон, отдкако тој и шпанскиот поморски еколог Енрик Сала влегле во истражувачкиот круг на National Geographic кои брои само 15 луѓе.

Камерон додал дека како тинејџер сакал да биде истражувач на океанот.

“Кога имав 16 години живеев во мал град во Канада, 800 километри од океанот, но сепак имав сертификат за нуркање“, рекол тој. “Го видов океанот две години подоцна“.

Познатиот режисер кажал дека воопшто не се гледа себе како холивудска ѕвезда и дека многу поубаво се чуствува во оваа улога отколку како режисер.

Како истражувач на National Geographic тој ќе треба со подморница да стигне до 11.000 метри длабочина во океанот, место кое луѓето никогаш не го виделе, само за момент бил снимен од робот. Некои од местата каде ќе се истражува океанот се во Русија, Канада и Аљаска. Камерон моментално работи на изградбата на подморница која ќе се обиде да ја спушти до најтемните делови на морското дно и до јуни наредната година ќе биде еден од двајцата луѓе кои ќе зануркаат во Маријана рововите на Пацификот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber