Рокерот Џек Вајт се разведува по шест години брак од својата сопруга, манекенката Карен Елисон. По тој повод тие ќе прават забава, за која им испратиле покани на своите најблиски пријатели и роднини.
Причината за разводот не се кажани, но инетересно е што тие двајцата го слават разводот. На забавата ќе има многу алкохол, сликање и спомени, изјавиле Вајт и Елисон.
Инаку тие се венчале во 2005 година, а од нивната заедничка љубов се родиле две деца.