Актерката Џенифер Анистон во едно интервју изјавила како изгледале почетоците на нејзината кариера.Својата прва плата ја дала за еден половен автомобил. “Работев како келнерка и немав никаква улога во некој филм. Но, откако јас се преселив во Лос Анџелес, почнав да работам како актерка, редовно. Сепак, првите поголеми пари ги заработив снимајќи ја серијата ’Friends’”, изјавила Анистон.
Пред да ја добие ова улога , таа била статист во филмот во кој глумел нејзиниот татко, Џон Анистон. Носев костум за уметничко лизгање со жолта боја. Но, тешко е добро да изгледаш во таа креација, веројатно не изгледав добро, па тие ми дадоа 100 долари и ме тргнаа од лизгалиштето”, раскажува Џенифер.
На прашањето со што би се занимавала ако не успеала во светот на актерството, Џенифер вели: “Веројатно би била дизајнер на ентериер. Поминав многу време уредувајќи го својот дом и многу сум горда на тоа”.