Jennifer Aniston точно знае каде треба да е шлицот на фустанот
6 мај, 20110
![Jennifer Aniston Signs Bottles Of Her New Fragrance "Jennifer Aniston"](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/05/jenifera-610x269.jpg)
Исто како на сите јавни појавувања, прекрасната Џенифер Анистон на и промоцијата на својот нов парфем ја изработи со многу стил и неизбежниот сексипил.
Во една парфимерија во Њу Јорк, таа се појавила во провокативен фустан од дизајнерката Вивиен Вествуд, која ги истакнала нејзинот тенок струк и заводливата линија. Портокаловата боја на фустанот посебно и прилегаше на нејзиниот тен и русата коса. Иако на прв поглед фустанот изгледа како едноставен, сепак постоеше еден провокативен детал, а тоа е шлицот, прорезот над градите. Така Џенифер, покрај со широката блескава насмевка, гостите ги шармирала и со бујното деколте.