Актерката Џенифер Гарнер во последно време е мета на папараците, кои постојано ја фотографираат во широка облека. Овој пат тие ја уловиле во тесно фустанче, под кое наѕирало стомачето. Странските медиуми веднаш по овие фотографии, ја пуштиле веста дека таа е бремена.
Но, нејзиниот гласноговорник го демантирал тоа. Бен и Џенифер не планираат братче или сестричка за нивните две деца. Што значи Џен не е бремена, изјавил тој. Инаку Џенифер и Бен пред извесно време ја прославија шест годишнината од брак, и таа изјави дека нејзиниот сопруг е идеален татко.