Познатата пејачка Џенифер Лопез верува дека може да стане претседател на САД. Имено, латино американската пејачка неодмана во едно интервју зборувала за своите веувања, за детството и љубовта.
Во таа прилика Џенифер изјавила дека најголема поддршка низ кариерата и ја давала нејзината мајка, и дека токму таа ја следела на сите големи настапи. Таа исто така кажала дека љубовта е нејзината главна движечка сила, но и дека секој успех бара одредено жртвување на нештата.
Пејачката верува дека не постојат недостижни сонови и дека не треба да се ограничува. “Зошто еден ден не би била претседател на САД? Би била одлична и праведна“, изјавила Лопез самоуверено, но трезвено додале и дека славата не трае вечно.