Џенифер Лопез и нејзините адвокати во понеделник се враќаат во судот за да се обидат да го спречат нејзиниот поранешен сопруг да го објави нивното домашно видео, кои тие го снимиле за време на нивниот меден месец.
Веќе се јавиле бројни продукциски куќи кои му нудат на бившиот сопруг на Џенифер големи суми на пари за да му го откупат видеото. Пред две години убавата пејачка успеала привремено да го спречи поранешниот сопруг да ги објави снимките, но овој пат изгледа нема да успее. Поточно, Нои екс сопругот, го продал видеото на својата сегашна девојка Клаудија Васкез, а судот на неа и дал одобрение да го продава и дистрибуира.