Џенсон Александер Лионс Батон е роден на 19 Јануари 1980 година во Фром, Велика Британија, тој е актуелен британски возач на Формула 1, кој моментално вози за тимот на Мекларен Мерцедес. Тој во 2009 година го освоил шамшионатот во Формула 1.
Батон својата кариера во мото спортот ја започнал на 8 години како возач на картинг возила, каде што успеал да постигне многу солидни резултати, победувајќи на Бритиш Супер При, Бритиш Кадет Кар и други, исто така бил најмладиот возач кој некогаш победил на Европскиот Супер A Шампионат. На свои 18 години преминува да се натпреварува во Бритиш Формула Форд шампионатот за тимот на Хејвуд Рејсинг. Успеал да триумфира на Формула форд фестивалот, додека во 1998 година ја добил наградата Мекларен Аутоспорт за најмлад возач во првенството. Кариерата во Формула 1 ја започнал во 1999 година возејќи за тимот на Вилијамс, во 2001 година се сели во тимот на Бенетон кој подоцна ќе биде преименуван во Рено Ф1. Од 2003 до 2005 година Џенсон Батон вози за тимот на БАР каде имал несогласувања со неговиот колега Жак Вилнев. Во 2006 година Хонда рејсинг тим го откупува БАР, и Џесон останува да се трка за новиот тим. Во 2008 година Хонда најавува дека ќе се повлече од Ф1 трките поради глобалната финансиска криза, оставајќи го Батон во исчекување на новиот газада на тимот. Во 2009 година под водство на Рос Браун тимот се преименува во Браун ГП, а негови возачи стануваат Џенсон Батон и Рубенс Баричело. Во 2009 година под водство на Рос Браун, Џенсон Батон успеал да се закити со шампионската титула.
Во 2010 година Батон преминува во Мекларен Мерцедес возејќи заедно со неговиот сонародник Луис Хамилтон. Тој изјавил дека Браун му понудил повеќе пари за да остане во тимот, но тој сепак сакал да вози заедно со неговиот сонародник и дека тоа било одлучувачки фактор да преминае во тимот на Мекларен. Џеки Стјуард и уште некои видни имања во Ф1 спортот изјавиле дека тоа бил лош потег за Џенсон Батон.
За приватниот живот на Џесон Батон се знае дека бил во петгодишна врска со пејачката и актерка Луис Грифитс, а подоцна и две години со јапонскиот модел Џесика Мачибата. Исто така за него се говори дека бил и голем Плејбој.