Една од најпосакуваните актерки, Џесика Алба е во блажена состојба. Таа и нејзиниот сопруг Кеш Ворен, го чекаат второто дете. На својот Facebook профил ја објавила среќната вест, дека нејзината ќерка Онор ќе стане постара сестра. Џесика Алба, 29, и нејзиниот сопруг Кеш, 32, својата прва ќерка ја добија пред две години.