Холивудскиот комичар Џим Кери открива дека актерството не му било единствен животен избор. Некогаш посакувал да биде ветеринар.
За магазинот “ОК” познатиот актер зборувал за својот нов филм “Mr. Popper’s Penquins“, покрај тоа истакнал дека отсекогаш бил голем љубител на животните.
“Кога бев дете сакав да станам ветеринар. Но потоа размислував за еутаназија и сето тоа и сфатив дека тоа не е за мене”, изјавува 49-годишниот Џим Кери.
Тој посочи дека е одлично да се работи со пингвини и дека ужива да поминуа време со животните.