Џиновски фосили од зајак откриени во Шпанија

22 март, 20110
giant-rabbit

“Кралот на зајците“ бил шест пати поголем од денешните зајаци, објави Дискавери. На шпанскиот остров Менорка пред 5 милиони години, зајакот бил крал. Истражувачите на тоа тло пронашле фосили кои припаѓаат на најголемиот до сега член на семејството зајаци. Овој зајак бил шест пати поголем од денешните и веројатно ја немале способноста за скокање и имале релативно мали уши, кажале истражувачите. Научниците веруваат дека зајакот достигнал толкава големина поради така нарачените “ефекти на островот“, кои можат да предизвикаат малите животни да прераснат во големи, поради недостаток на предатори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *