
Мелани Браун, позната како Мел Б, поранешната членка на групата Spice girls е бремена. Таа и нејзиниот сопруг Белафонте го чекаат првото заедничко дете. Тие се заедно повеќе од три години, но летово своето семејство ќе го зголемат за уште еден член. Па освен двете деца од претходните нивни врски сега ќе имаат уште едно дете за кое сеуште незнаат дали е девојче или момче.
Инаку Мелани е третата девојка од групата која е бремена во моментов. Освен неа, Викторија Бекам и Ема Бантон исто така очекуваат принова.