Џоли преплашена од своето сценарио!

12 август, 20110
Angelina Jolie

Холивудската актерка Анџелина Џоли открила дека била  многу исплашена кога го пишувала сценариото за своето прво режисерско деби, кое го снимаше во Босна и Херцеговина, под наслов „Во земјата на крв и мед“. Таа го опишала целиот процес на пишување како премногу „личен“.

„Цел живот кажувам туѓи зборови“, изјавила Џоли.

„Никогаш не сум напишала ништо. Да седнете и да ги ставите зборовите на хартија е страшно, бидејќи тоа пред се е премногу лично“, додала популарната актерка.

Нејзиниот филм е љубовна приказна за двајца млади за време на војната во Босна во деведесеттите години. Минатиот месец на филмскиот фестивал во Сараево Џоли доби награда „Срцето на Сараево“ поради нејзиното режисерско деби.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit