Џорџ Клуни и неговата девојка Елизабета Каналис ставија крај на својата долгогодишна врска. Најпосакуваниот ерген и италијанската убавица ја испратиле оваа вест во соопштение кое било испратено до американските медиуми. “Ние веќе не сме заедно. Ова за лична работа и се надеваме дека ќе ја почитувате нашата приватност”, пишува во соопштението. Сеуште не е познато зашто парот ја прекинале врската.
Не е познато поради што ја прекинале врската, бидејќи неодамна се видени заедно на вечера, Елизабета на почетокот на месецот во италијанскиот магазин “Chi” изјавила дека и е многу убаво во врската со Клуни.