
Џорџ Мајкл ја преработи песната “Tru feit”, и овој пат звучи навистина поинаку. Сега песната доби поинаква оригиналност и свежина.
Аранжманот и продукцијата на песната се потпишани од негова страна, а првичните потписници на песната беа Бернард Самнер, Питер Хук, Стивен Морис, и Стивен Хог. Синглот најпрво излезе во Британија, а приходот од авторските права Џорџ ги даде на британската организација “Komik Rilif”, која се бори за свет без сиромаштија.