
Најновите гласини поврзани со големите холивудски ѕвезди се, дека Џулија Робертс има проблеми во бракот токму поради актерот Хавиер Бардем.
Извесно време Џулија имла кризи во бракот, со сопругот Дени Модер. Се започнало од доделувањето на филмски награди на фестивалот Сан Себастијан, во Шпанија, кога Бардем ја бакна Џулија во уста кога и ја врачување наградата. Тоа го натерало Дени да подразмисли за тоа што се случувало за време на снимањето на жешките сцени во филмот “Јади, моли, сакај” во кој Џулија и Бардем беа партнери. Блиски пријатели изјавиле дека Дени е бесен на тоа што се случило, и што Џулија секогаш со восхит зборува за Бардем.
Инаку и Бардем е во брак и тоа со прекрасната Пенелопе Круз, со која неодамна го доби својот син.