
Банката “Креди Агрикол“ проценува дека политичката криза Египет го чини околу 130 милиони долари дневно, пренесува Бета.
Во Египет банките и берзата не работат повеќе од една недела а ист е случајот и со повеќето фабрики. Десетина илјади туристи ја напуштија земјата и се вратија во своите домови како резултат на протестите.
Нередите доведоа и до поскапување на цените на храната во некои делови од Каиро.