Научниците до сега веруваа дека ако дојде до експлозија на супернова, ништо нема да може да преживее такво унишптување. Но, познатиот вселенски телескоп Chandra X-Ray Observatory покажал како можеби и постојат тела во вселената кои сепак би преживеале.
Фотографијата која се појави прикажува ѕвезда за која се верува дека преживеала голема експлозија на ѕвезди во нејзина близина. “Таа изгледа релативно добра, со оглед на тоа дека во нејзина близина се случила експлозија“, изјавил астрономот Даниел Ванг од Универзитетот во Масачусетс. Астрономите пресметале дека ѕвездата се наоѓала на околу 14,4 милиони километри од белото џуџе, поточно ѕвездата која експлодирала, пишува Universe today.