Врвките на детската гардероба може да бидат опасни

27 април, 20110
10802574

Во седум земји членки на Европската унија во 2002 година над 150 деца на возраст до 14 години, завршиле како итни случаи по болниците поради повреди предизвикани од врвките на нивната облека. Родителите мораат да бидат внимателни со врвките на детските чевли и гардероба, бидејќи тие може да бидат причина за некакви повреди. Најфатален пример се случил во Грција кога едно девојче се угушило на топоган. Тренерки, панталони, облека за бебиња, костими за капење…десетици илјади детски видови на облеки редовно се повлекуваат од пазарите во Европа и се објавуваат на Rapex бидејќи имаат, врвки околу вратот, половината, нозете, ракавите. Навидум безопасни, но висечките врвки може да предизвикаат гушење и други повреди, кои некогаш се фатални. Светот нема да ја заборави смртта на две и пол годишното девојче во Грција, која во ноември 2008 година загина откако врвката од јаканта и се заглави на топоган.  Во седум земји членки на Европската унија во 2002 година над 150 деца на возраст до 14 години, завршиле во болница поради повреди предизвикани од врвки на гардеробата.

Во текот на 23 години Американската комисија за заштита на потрошувачите примила 27 извештаи за смртни случаи и 70 незгоди кои биле настанати токму од заплеткување на врвките од детската облека.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *