Алкохолот е причината за смртта на Рајан Дан од “Jackass”
23 јуни, 20110

Рајан Дан (34)со своето ново порше со брзина од 130 милји на час удрил во дрво во Пенсилванија.Покрај возачот, починал и неговиот сопатник Закари Хартвел.
Аутопсијата покажала дека Дан во крвта имал двапати поголема количина на алкохол од дозволеното и покрај тврдењата на неговите пријатели и семејството дека тој не би седнал пијан зад воланот. Но, Дан и порано е осудуван дури и за 23 сообраќајни прекршоци, меѓу кои и поради возење во пијана состојба.
Останатиот дел од тимот “Jackass”, Џони Ноксвил, Бам Марџериа и многу други присуствувале на комеморацијата во средата, а се очекува дека тој ќе биде погребан до крајот на оваа недела.