Единствените двајца кои го знаат јазикот ајапанеко, се скарани

15 април, 20110
indigena-enojon

Јазикот ајапанеко кој се зборува само во мал дел во Мексико, полека изумира, а единствените двајца кои го знаат одбиваат да разговараат, бидејќи се скарани. Мануел Сеговија (75) и Исидро Веласкес (69), кои живеат на 500 метри одалеченост, во јужната држава Табаско, се единствените останати кои го зборуваат овој јазик, но одбиваат да комуницираат бидејќи со години се во расправии, објави DailyMail. Антропологот Даниел Суслак од Универзитетот во Индијана, реши да се обиде да го направи речникот на ајапанеко јазикот, пред него ли што тој засекогаш исчезне. Во светот посотојат околу 6000 јазици, а проценките се дека тој број ќе се прополови во наредните 100 години.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi