Со избирањето на Ејми Адамс како новата девојка на Супермен, се комплетираше екипата која ќе биде дел од новиот филм Супермен.
Направивме голема аудиција, и од сето она што го видовме сметаме дека Ејми е најсоодветна за бараната улога, изјави директорот Снајдер.
Адамс ќе се приклучи на Хенри Кевил кој ја доби улогата на Супермен, Кевин Костнер како таткото Џонатан и Дајан Лејн како мајката Марта.