Осми Куп трофеј за Работнички

28 март, 20110
basket

Во финалниот натпревар од 19-то издание на домашниот кошаркарски Куп екипата на Работнички славеше против вечниот ривал МЗТ Скопје со резултат 74:69, во меч кој се одигра во СЦ “Борис Трајковски”. И овој натпревар мина во знакот на досега виденото – наизменично превземање на водството од едната па од другата екипа, чести инциденти кои од трибините се пренесуваа и на теренот, за да резултираат и со 40 минутен прекин.

Кошаркарите на Работнички по вечерашниот триумф стигнаа до осмата Куп титула, и тоа по третпат во директен дуел со вечниот ривал МЗТ.

Од оној неспортскиот дел од натпреварот, секако уште долго во центарот на вниманието ќе биде инцидентот од финишот на втората четвртина. На седум секунди пред крајот на првото полувреме, при водство од 6 коша разлика за Работнички, полетаа предмети од трибините кон теренот, а еден од истите го погоди в гради тренерот на Работнички, Марин Докузовски, кој како покосен падна на паркетот. За кратко Докузовски си дојде на себе, а екипата на Работнички одлучи да го напушти паркетот, по што следеше прекин од 40 минути. Сепак, беше донесена одлука мечот да продолжи во присуство на публиката, и одлуката за освојувачот на Куп трофејот да ‘падне’ на теренот.

Неизвесноста продолжи, Работнички во принцип го контролираше резултатот, но МЗТ на нешто помалку од три минути стигна и до нерешен резултат 66-66. Во продолжение од натпреварот, пред се благодарение на поголемото искуство, екипата од “Градскиот Парк” успеа да стигне до триумф. Имено, при водство на Работнички од три поени разлика и топка во нивни посед на 26 секунди до крај на мечот, плејмекерот на МЗТ, Јане Петровски, неспортски го фаулираше најкорисниот играч на завршниот Куп турнир ветеранот Перо Блажевски, кој погоди едно од  двете слободни фрлања. На крајот Работнички беше посмирен и со триумф од 74:69 стигна до осминот Куп трофеј.

Извор: Нетпрес

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi