Британската пејачка Ејми Вајнхаус не престанува да се опијанува. Таа минатата недела три пати била во толку пијана состојба, што не можела да стои на нозе. Ова го кажал нејзин близок пријател за магазинот The Sun.
Ејми не само што ќе ја изгуби врската со Трејвис, кој постојано ја предупредува за алкохолот, туку и ќе си го уништи здравјето, изјавил изворот.
Ејми ја откажува светската турнеја, но не за да се лечи туку да помине подолго време сама и на раат да се опијанува со вотка.