Ејми Вајнхаус излезе од рехабилитација, турнејата оди според планот

3 јуни, 20110
ejmi-vajnhaus

Британската пејачка Ејми Вајнхаус заврши на рехабилитација во Лондон, но лечењето ќе го продолжи од дома, соопштила нејзината портпаролка.

Пејачката се пријавила минатата недела во клиниката за рехабилитација за да може да се подготви подобро за престојаната турнеја.

“Таа заврши со рехабилитацијата во клиниката Приори во Лондон и го продолжува лечењето надвор од клиниката“, пишувало во соопштението.

“Таа се радува на концертите кои треба да ги направи низ Европа ова лето и активно се подготвува за нив. Исто така, изразила благодарност до сите оние пораки кои и биле испратени за поддршка од страна на фановите“, изјавила портпаролката.

Ејми покрај Турција, Грција, Шпанија и други европски земји, на 18 јуни ќе има концерт и во Белград, на Калемегдан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi