Екатерина Затуливетер: „Ластовички“ повторно во мода! Руски шпиун „жижа“ на светската дипломатска јавност!

20 октомври, 20110
ekatarina_434616S1

Младата Екатерина Затуливетер четри години била во врска со член на британскиот парламент.

Обединетото кралство сведочи за уште еден настан кои потсетува на шпионски роман. Оваа недела на суд се нашла Екатерина Затуливетер, 26, правен службеник во престижна адвокатска канцеларија во Лондон, за која се верува дека е руски шпион.

Русокосата русинка, позната како Катја, уапсена била минатиот декември поради сомневање дека го користи работното место, за да биде „очи и уши“ на руските тајни служби. Тогаш таа не била осудена, но минатата недела британците повикале на депортација на младата русинка, сметајќи ја како опасна за националната безбедност.

Русинката ги отфрлила сите обвинувања против неа и бара да се прекине процесот на депортација. Моментално трае сослушувањето од  девет дена, во кое учествуваат тројца судии и поранешен шеф на MI5.

Таа признала дека е четри години во врска со политичар од Либералдемократската партија, Мајк Хенкок. Но британските власти сметаат дека русите ја пратиле како мамец, да го заведе политичарот, кој поради приватниот живот и многубројните вонбрачни афери, го сметале за лесна мета.

Пред тоа, Катја имала неколку афери со високо позиционирани странци, на пример холандски дипломат, делагат од Србија.

Катја и Мајк, се запознале во 2006 година за време на една конференција во Санкт Петербург, каде девојката студирала. Таму ја започнале својата врска, која продолжила да се развива две години подоцна, кога Катја се преселила во Лондон, за да продолжи со студии. Во неговата адвокатска канцеларија таа работела две и пол години. Нејзиниот 65 годишен шеф и љубовник, инаку оженет со две деца, тврди дека Катја никогаш не била вклучена во некои „чувствителни информации“ кои не биле познати за јавноста.

Инаку, адвокатот на младата русинка, тврди дека се работи за „навредлива стигматизација на млада независна девојка, која живеела нормален живот во демократија“. Сепак, британските власти се повикале на сомнителните состаноци која ги имала Затуливетер во текот на 2008 година, со одреден шпион кој оперирал од руската амбасада со име Борис. Тие дознале дека Борис и рекол дека нејзината работа и врска со угледен британец и политички активен политичар, за секој русин би значела „работа од соништата“.

Судбината на Катја ќе се знае наредната недела, по завршувањето на судењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi