Елеганција и брзина – новиот Mac mini компјутер!

21 август, 20110
New-Mac-mini

Паралелно со претставувањето на новиот MacBook Air, Apple го лансираше новиот Mac mini компјутер кој е дури 2.5 пати побрз од неговиот претходник.

Со новите Core i5 и Core i7 роцесори, овој компјутер е еден од најбрзите компјутери на денешницата. Големината на меморијата е 8 гига, а наместо оптички драјв има SD читач на картици и Thunderbolt port за брз трансфер на податоци.

Надворешните перформанси на новиот Mac не се разликуваат многу од оние на неговиот претходник, иако е малку помал и полесен. Потрошувачите на располагање имаат три модела, од кои два се наменети за персонална уптреба, додека еден е наменет за серверска употреба. Најслабиот модел користи интегра графика, додека другиот користи ATI Radeon HD 6630 GPU.

Новиот Mac mini има вграден WiFi и Bluetooth адаптери за бежична интеракција со која на корисникот му се обезбедува максимална слобода за поврзување со најразличен вид на приклучоци.  Со сигурност може да кажеме дека новите Mac Mini компјутери се одлични бидејки добро знаеме дека Mac OS X Lion е најбезбеден компјутер на светот.

Цената на овие нови компјутери е малку „солена“, но да се сетиме на поговорката „ако не знаеш што е добро, купи го тоа што е скапо“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi