Елоп: Microsoft нема да ја купува Nokiа
5 јуни, 20110

Изминативе неколку денови на интернет се појавија гласини дека Microsoft ќе ја купува Nokia, односно акции во вредност од 19 милијарди долари. Гласините потекнуваат од руски блогер Eldar Murtazin, кој бил првиот кој најавил за партнерството помеѓу овие две гигантски компании.
Извршниот директор на Nokia, Стивен Елоп, ги демнатирал овие гласини.
“Нема дискусија за ова. Гласините се неосновани“, изјавил Елоп на конференцијата D9, одржана минатата вечер во Калифорнија, додека другата страна не сакала да ги коментира овие наводи.
Microsoft, дефинитивно почна поагресивно да се бори за што поголем удел на оние пазари на кои не работеше добро, а неодамна го купија Skype.