Ем лежите на туѓа пот… ем ви наплаќаат!

28 август, 20110
solarium naslovna

Освен тоа што зрачењето може да ви наштети, да предизвика меланом, лежењето во солариум полн со туѓа пот, бактерии и вируси сериозно може да го наруши вашето здравје.

Во козметичките салони нема да ви признаат дека лежалките во солариумите се небезбедни бидејќи тие често ги дезинфицираат. Но истражувањето на американското списание Substances покажало дека покрај дезинфицирањето во 93% од земените примероци од лежалките во солириумите се покажало постоење на човечка пот, бактерии, вируси дури и урина.

„Да знаете врз што лежите, би ви се одмилиле солариумите. Луѓето пред вас оставиле локви од пот и што уште не. Дезинфекцијата погрешно се прави. Имено вработените скоро никогаш не се темелни во чистењето на лежалките и скоро секогаш користат иста крпа за бришење“ – надополнуваат истражувачите.

Целта на Истражувачите со оваа студија не беше анти кампања против солариумот, туку да се даде насока на корисниците на солариумите како без никакви последици по здравјето да ја добијат посакуваната боја. „Пред секој третман побарајте од вработените темелно пред вас да ја дезинфицираат лежалката користејќи чиста крпа“ истакнуваат учесниците во студијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma