Жељко Митровиќ издал налог во Понеделник сите негови авиони заедно со неговите адвокати да одлетаат за Хрватска, Брисел, Стразбур и Лондон каде ќе ја приложат целата документација за селективно работење на хрватските државни органи.
Весникот Блиц од Белград пишува дека сопственикот на Пинк е во некаква приватна војна со Хрватска, откако тие одлучиле да му ја продадат јахтата која била одземена минатата година.
Да потсетиме дека Митровиќ одлучил да ги забрани сите гостувања на познати пејачи и глумци од Хрватска во неговата телевизија, исто така и рекламирањето на хрватските производи во рекламните блокови.
Митровиќ е уверен дека неговите адвокати ќе извојуваат победа и дека ќе си ја поврати својата јахта.