Еминем си ја отвори душичката:) Зборува за времето поминато ,,на дрога и алкохол,,!:(

20 октомври, 20110
GQ-Lil-Wayne-Eminem-400x300

Како е чувството да ве нарекуваат “ Бог на рокот“ ? Еминем и Лил Вејн може да ви кажат, како што ја покриваат насловната на Ноемвриското издание на GQ магазинот, заедно со гитаристот на Ролинг Стоунс, Кит Ричардс.

Во  наредното издание, Еминем се исповеда за неговата некогашна зависност од дрога, споделувајќи ја страшната ситуација без влакна на јазикот: Тој изјавил за списанието :

“ Дојдов во болницата и не знаев што се е.ано случило. Цевки во мене и е.ани игли во моите раце. Не ми беше јасно дека бев предозиран. Си ја барав дрогата- извадете ме од тука по ѓаволите се дерев! Мислам дека бев чист едно две недели. Се трудев многу- пробував да го сторам тоа за моите деца- но едноставно не бев спремен.

Познатиот рапер, исто така се присетува на тоа какво било неговото искуство при краткиот престој во центарот рехабилитација: присеќавајки се:

“ Секој зависник при рехабилитација се чувствува како сите да зјапаат во него. А јас ? Сите зјапаа во мене. Никогаш не би можело да ми биде удобно”.

Тој продолжи кажувајќи, “Имаше луѓе таму што ме третираа нормално. Но имаше и такви е.ани идиоти кој не се ни фокусираа на сопствената трезвеност, бидејќи се фокусираа на мојата. Ми крадеа капчиња, книги-беше хаос. Внатре се беше драма. И тогаш, не ни сакав да бидам чист, другите сакаа да бидам. И секој би ти рекол: Ако не си спремен, ништо нема да те промени, ниту љубов, ништо. ”

Во меѓувреме, Еминем наполни 39 години и изјавил дека е чист и трезен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *