Рома во следните неколку дена ќе го именува Луис Енрике за нов шеф на стручниот штаб, бидејќи синоќа е јавено од Италија дека договорот е постигнат меѓу двете страни. Платата на досегашниот тренер на Барселона Б ќе биде 1,6 милиони евра по сезона, а соработката е договорена за две сезони. Откриено е дека Луис Енрике во стручниот штаб ќе го придружува неговиот добар пријател и одличен фудбалер Иван Де Ла Пења. Луис Енрике во својата кариера има настапувано за Реал Мадрид и Барселона, а тренер на младиот клуб на Барселона е од 2008-ма година. Се шпекулира дека неговиот последен натпревар ќе биде овој викенд и дуелот со Рајо Ваљекано. Со клупата на Рома беа поврзувани и Стефано Пиоли кој сепак се пресели во Палермо, како и Карло Анчелоти и Дидие Дешамп.
Извор: Нетпрес