Меси: Никој не ме ни допре

popara3 јуни, 20111min00
Lionel_Messi_Barcelon

Напаѓачот на Барселона и репрезентативец на Аргентина, Лионел Меси ги отфрли тврдењата дека синоќа бил нападнат во еден ресторан во Розарио. “Никој не ме допре. Ништо не почувствував, беше некоја гужва но ништо страшно” изјави Меси за локалните медиуми веднаш по инцидентот. Меси се наоѓа на одмор по уште една брилијантна сезона. Кога го напуштил ресторанот со пријателите, се направила гузва околу него, а биле присутни голем број на фотографи. Неводно некој навивач сакал да го удри, но не успеал во тоа. Аргентинските медиуми бурно го следеа ова случување, додавајќи дека напаѓачот бил страствен навивач на Розарио Централ, најголем ривал на матичниот клуб на Меси, Нуелвас Олд Бојс. Одличниот фудбалер и најдобриот на сетот за изминатата сезона на одмор ќе биде до 8-ми јуни, кога мора да се јави на повикот на селекторот Серхио Батиста, за да започнат припремите за овогодинешната Копа Америка која ќе се одржи во Аргентина.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma