Смртоносната бактерија Ешерихија коли, која предизвикала паника во Европа и САД оставајќи десетици смртни случаи заради труење со храна, за пет години би можела да биде претворена во комерцијално достапно биогориво.
“Неколку американски компании работат на технологија на претворање на бактеријата во комерцијално корисен производ. Досега во лабораториски услови успеале да произведат биогориво од ЕХЕЦ, но не во доволни количини за да се користат истите во комерцијални цели“, истакнал научникот Џеј Кеаслинг.
Кеаслинг, кој е извршен директор на американскиот институт за биоенергија, е водечки истражувач на техниката за производство на бигориво од разновидни супстанци од јачмен, па се до Ешерихија коли. Се очекува значително подобрување во производство на биогориво со помош на смртоносната бактерија.
Интересен е податокот дека постои технологија за производство на комерцијална пластика со помош на ЕХЕЦ, а таа пластика може да се најде на полиците во продавниците, па дури и во теписите. Иако не постои ништо опасно во таа пластика, компаниите ретко ќе го споменуваат тој редок вид на настанување и производство.
Сепак треба да помине време додека биогоривото не почне сериозно да им конкурира на стандардните горива, а научниците тврдат дека за тоа треба да помине подолго време, можеби и 20 години.
Извор: Нетпресс