Со цел да ја поврати довербата на неговата сопруга Деми Мур (48), Ештон напишал листа на правила кои треба да ги следи за да биде подобар сопруг. Ештон Качер (33) смета дека тоа ќе го постигне ако помалку време поминува на Твитер, ако повеќе и се посвети на Кабалата, и ако помалку контактира со други жени. Деми била скршена откако дознала дека тој ја изневерил со Сара Лил на нивната шест-годишнина од бракот.
– Ештон се чувствува ужасно бидејќи толку многу ја повредил Деми. Тој и кажал дека една вечер ќе напише своја сопствена листа на правила за подобар брак. Деми плачеше додека ја читаше листата, но не е сигурна дали е тоа доволно за да му прости, открил неименуван извор.