Ескоријал – најпозната градба во Шпанија

popara23 јули, 20111min00
el_escorial_spain

Оваа градба некои луѓе ја доживуваат како мрачна, ладна, непристапна, а други како моќна, монументална и достоинствена. Filip II, во период од триесет години работа, со вкупни трошоци од 5.260.570 дукати, ја доврши изградбата која претставува комбинација од палата, манастир и гробница, a сместена e на планината Сијера де Гвадарама. Инаку, оваа грандиозна грабда има 16 дворови, 2.673 прозори, 1.200 врати, 86 скалила и 88 фонтани, а доколку ги поминете сите ходници, ќе  биде исто како да се испешачиле 160 километри.

Сепак, историчарите и уметничките критичари, го критикуваат строгиот стил на внатрешното уредување, кој бил познат под називот “Estilo hereresko” односно стилот на Херера. Huan de Herere (околу 1530 – 1597 година), ги извршуваше градежничките работи на Filip II. Тој, всушност го доврши она што неговиот учител Huan Batista de Toledo го имаше започнат во 1563 година. Во периодот кога Filip II, престојуваше во манастир на оваа планина, одлучи да изгради монументална палата, иако Мадрид во тоа време сеуште не беше главен град на Шпанија. На 10 август 1557 година, односно на празникот Св. Ловро, Filip ја извојува победата над француските војници. Ескоријалот, беше изграден во чест на оваа победа – решеткастиот проект ја симболизира кладата на која Св. Ловро беше запален.

Од страна на Toledo и Herera беше започната изградбата на оваа правоаголна градба која е 207 метри долга и 161 метри широка, со по една кула на сите четири агли. Манастирот беше изграден по примерот на црквата Свети Петар во Рим; беше изградена палатата во која Filip II за себе не сакаше ништо друго освен една соба каде што ќе може да го одмори неговото “уморно тело“; и на крај беше изграден музеј, библиотека и “Пантеон де лос Рејес “. Filip II, нареди телото на татко му великанот Karlo V, да се погреба во гробницата веднаш пред црквата. Но, местото покрај мртвиот Крал, остана празно. “Ако потомокот на Кралот Karlo V, ги надмине неговите храбри дела, нека го зеде ова место“, пишува во записот веднаш до гробницата.

Местото е до ден денешен е празно. Filip II не ни помислил да го присвои за себе. Времето на неговото владеење не претставуваше толку славно како на неговиот татко – потребно е само да се присетиме на големата армада, на смртта на Don Karlos и предавството на секретарот Perez. Кралот Filip II, умре молејќи се, со поглед вперен во главниот олтар.

На неговиот наследник не му се допаѓаше строгиот нацрт на палатата. Така што, почна да се менува стилот. Сепак, Ескоријал претставува дел од најзначајните светски уметнички градби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag