Коњ од династијата Минг на аукција

23 јули, 20110
gs013

Ретка камена статуа од коњ, со висина од околу 2 метри, од времето на кинеската династија Минг ставена е на аукција во Дорсет, а нејзината почетна цена е 162.920 долари, пренесуваат британските медиуми.

Оваа скулптура е една од шесте кои стоеле покрај патот кој водел до влезот во благородничката гробница во јужна Кина.  Статуата датира од 14 или 15 век и ставена е на аукција откако нејзиниот првичен сопственик починал. Статуата била сместена во градината на сопственикот, кој ги имал увезено сите шест коња во Велика Британија во 1970 година.

Статуата тежи повеќе од 2 тони, на него е изгравирана церемонијална носија, наметка и заби. Ејми Бренан од аукциската куќа изјавила дека повеќето од овие скулптури се откриени за време на ископување на гробници, а потоа продадени на запад. Конкретно за оваа статуа се смета дека потекнува од Нанџинг поранешен главен град на Кина, кој се наоѓал на југозападот од земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi