Моделот и актерката Естела Ворен, најпозната по улогата во “Планетата на мајмуните” е пуштена од притвор со 100.000 долари кауција, а судењето ја чека на 13-ти јуни. Таа беше уапсена бидејќи возела во пијана состојба и предизвикала сообраќајна несреќа. При тоа таа се обидела да побегне од местото на несреќата, а истото така се обидела да побегне и од полициската станица.
Освен ова, овој прекршок предизвика и да биде откриено дека таа цело ова време лажела за своите години. Во Холивуд приказната е дека таа има 32 години. Но вистината е дека таа има 40. А тоа значи дека таа имала учество во натпревари, а според границата на годините тоа било недозволено.