Ето, Ибра, Бојан – проклетство на дeветката

24 јуни, 20110
Barcelona's new siging Ibrahimovic of Sweden holds up his jersey in Barcelona

Во три години заминуваат Ето, Ибра и Бојан. Сите тројца го носеа дресот со број 9. Дали овој број ќе го добие Санчез или евентуално Џузепе Роси. И трета година по ред играчот на Барселона кој го носел дресот со број 9 ќе замине за Италија.

Прво тоа го направи Самуел Ето, кога замина во Интер, подоцна Ибрахимович замина на позајмица во Милан, а сега се поизвесен е трансферот на Кркич во ‘вечниот град’. Сите тројца го носеа дресот со број девет, кој по се изгледа за напаѓачите на Барселона е малерозен. Можеби одговорот не мора да се бара во суеверие или во лошата среќа. Барселона последните неколку години гради игра без класичен напаѓач. Каталонците се обидуваат да се ‘прошетаат’ до голот.

Веројатно и сте забележале дека Барселона никогаш не форсира со центаршутеви, а секој корнер се изведува со кратко додавање, а причина е недостатокот на класичен напаѓач.

Во триумфаланата сезона за Барселона, Гвардиола го постави Меси на позицијата ‘лажна деветка’, а Виља го пресели на левокрилната позиција. Можеби последниот класичен напаѓач беше Ибрахимович, а тој дефинитивно не се вклопи во играта на Барселона. По се изгледа во тоталниот фудбал на Барселона “класичната деветка” изчезна.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi