ЕУ планира да отпушти пет отсто од вработените

23 јуни, 20110
europa-eu
Европската комисија во склад со мерките за штедење кои ги преземаат земјите членки на ЕУ, ќе предложи намалување на бројот на вработени во европските институции за пет отсто,а можеби тоа на националните влади нема да им биде доволно, пишува “Политика“, пренесува НетПрес.
Еден висок европски претставник рекол дека Комисијата ќе предложи намалување на 29 или 30 јуни во рамки на својот план за идниот седум годишен буџет за период од 2014 до 2020 година.
“Комисија има за цел административниот буџет воопшто да не се зголемува. Со сегашниот раст на платата врзани за напредок во службата ќе мора да се намали бројот на луѓе. Доколку Комисијата предложи намалување на платата, би се соочиле со штрајк на синдикатот“, рекол претставник за бриселскиот весник “Еурообзервер“.
“Станува збор за намалување од пет отсто. Но, може да претпоставите дека државните членки ќе побараат десет или повеќе отсто. Доколку би оделе на десет отсто, тоа би нанело штета за функционирање на основните институции и би предизвикало згаснување на периферните институции“, додал тој.
Либералната пратеничка група во европскиот парламент во јануари Комитетот на регионот и европскиот економски и социјален комитет ги нарекла “вишок“.
Портпарол на Комисијата за административни прашања Антонио Гравили одбил да ги коментира овие наоди, додавајќи дека “се’ што се однесува на повеќегодишната финансиска рамка ќе се разгледува на состанок на Комисијата идната недела“ и додал дека до тогаш “се’ претставува чиста шпекулација“.
Еден извор од Европскиот парламент рекол дека одредени одделенија веќе биле известени за претстојните мерки. “Доколку се мудри, губењето на работа ќе ги погоди оние кои се близу до пензионирање или на долгорочно боледување и би можеле да бидат пратени во пензија“, навел тој.
Висок европски претставник рекол дека со оглед на тоа дека околу 50 илјади европски функционери работат за сите 27 држави, а во државите работат околу 50 милиони државни службеници, со што ваквите мерки ќе бидат акт на солидарност, отколку мерка за штедење.
Оваа година ЕУ на своите вработени потрошила вкупно 2,27 милијарди евра, а во наредната година планираните трошоци изнесуваат 2,31 милијарда евра.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi