ФОТО: Кои се најсексипилните политичарки во светот?

23 јуни, 20110
0
Американскиот новинар Ерик Голуб објавил листа на најсексипилни жени од сферата на политика во светот, делејќи ги според политичката ориентација, а на чело на листата на “демократи и либерали“ се нашла познатата руска гимнастичарка Алина Кабајева која е депутат на Државната дума во Русија.
Претставувајќи ја Кабајева, Голуб потсетил на гласините за наводната врска со рускиот премиер Владимир Путин, нагласувајќи дека и таа и Путин ги одбивале тие шпекулации.
Алина Кабајева
Голуб ја прераскажал епизодата во 2008 година кога весникот “Московски кореспондент“ објавил дека се подготвува свадба на Путин и Кабајева, за потоа за многу кратко време весникот да престане со работа.
Во мај 2009 година руските медиуми пренеле вест дека Кабајева наводно родила сил, но набрзо поранешната гимнастичарка ја демантирала таа информација, објаснувајќи дека дете со која е видена е нејзин роднина.
На списокот на “либералките“ се нашла и познатата американска водителка, продуцент и активист Опра Винфри, која според американскиот весник “Форбс“ е прогласена за највлијателна ѕвезда во шоу бизнисот за 2010 година.
Опра Винфри
На чело на групата на независни и централно ориентирани се нашла и 18- годишната мароканска танчерка Карима ел Маруг позната како Руби која пред неколку месеци била во центар на вниманието заради скандал со италијанскиот премиер Силвио Берлускони, обвинет дека “користел нејзини услуги“ додека била малолетна.
Руби
Во оваа група е и француската новинарка Мелиса Терјо која во 2006 година таблоидот “Дејли експрес“ ја прогласил за најубава репортерка на светот, а била избрана и за најсексипилна тв водителка по оценка на читателите на американскиот весник “Максим“.
На листата на сексипилни политичарки се најшле и Ерин Бернет која била новинарка од Си-Ен-Ен и Даген Мекдауел од телевизскиот канал “Фокс њуз“.
Ерин Бернет
На прво место на десет најзгодни конзервативки се пласирала израелската политичарка Ликуд Ципи Хотовели.
Во истата група се наоѓа и вицегувернерката на Охајо Мери Тејлор, вицегувернерката на Висконсин Ребека Кифиш, но и поранешната кандидатка на републиканците за претседател на САД и поранешна гувернерка на Алјаска Сара Пејлин.
Ребека Кифиш

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi