Иако не е новост дека актерката Селена Гомез прима закани за смрт откако е со Џастин Бибер, но овој пат работите излегоа од контрола. По одморот на Хаваите и фотографиите кои излегоа, како двојката се бакнува, таа добивала закани секојдневно. Една негова обожавателка на Twitter напишала: “На Селена многу наскоро и претстои долга, спора и болна смрт”. Друга пак и напишала дека ќе ја убие додека спие.
Ни на Fаcebook работите не се нешто подобри. Таму пак направиле група “Ја мразам Селена Гомез затоа што е во врска со мојот маж”. Но, има и такви фанови кои се обидуваат да ја смират топката.