Фаст – фуд диета! Каков парадокс :))))))

21 октомври, 20110
Silhouette of cheese burger and summer garden vegetables

Ви претставуваме еден интересен и необичен диетален концепт – фаст фуд диета. Овој план за слабеење е совршен за оние кои јадат брза храна и немаат време за готвење.

Можеби би звучи чудно и невистинито, но авторот на оваа диета, кардиологот Стивен Синатра ви гарантира дека ќе ги намалите килограмите доколку внимателно ја одбирате храната и редовно вежбате.

Фаст фуд диетата е шестнеделен план, според кој дозволено е да се храните во фаст фуд ресторани, но притоа мора да внимавате на изборот на грана. Може да јадете фаст фуд за појадок, ужина, ручек и вечера, но треба да внимавате на калориите и видот на оброкот.

„Сите ние треба да се храниме со зеленчук овошје и житарици, но во денешниот свет тоа не е можно. Сите сакаат фаст фуд затоа што е вкусен и релативно ефтин, па треба да ги искористиме нашите навики за да ослабнеме“, вели Синатра.

Според оваа диета, во фаст фуд рестораните смеете да порачате печено пилешко и сендвичи со секаков вид на пилешко (освен пржено), печени компири, мали хамбургери, чили и шејкови од овошје. За пијалак одберете ја sugar-free верзијата на газираните пијалаци. Забранети се пржени компири, пржено месо и калорични сосови.

На пример, дозволено ви е со вашата салата да земете прелив на база на оцет, но не смеете да земете никаков сос на база на јајца, мајонез и млечни производи.

Доколку се придржувате на овој план, ќе внесувате околу 1500 калории дневно. Исто така оваа диета ве обврзува да пешачите минимум 2 километри дневно или пак да бидете физички активни. Според оние кои веќе ја испробале диетата, со неа може да намалите до 25 килограми годишно. Па, не е лошо со оглед на тоа дека дозволено ви е да јадете во вашите омилени фаст фуд ресторани!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *